ФК АЕРОДРОМ 2018

Центар за развој на младинскиот фудбал во Скопје

Фудбалскиот клуб Аеродром 2018 е еден од најголемите фудбалски колектив на територијата на општина Аеродром и еден од водечките клубови во Скопје кога станува збор за развојот на младинскиот и детскиот фудбал. Основан со јасна визија – да создаде здрава средина каде што младите ќе можат да тренираат, растат и напредуваат – денес клубот брои повеќе од 300 активни членови во категориите од 6 до 18 години, распоредени во различни возрасни генерации.

Во рамки на клубот активно функционира и сениорски тим, кој во моментов настапува во Третата македонска фудбалска лига, со амбиции за континуиран напредок.

ФК Аеродром 2018 е повеќе од спортски клуб – тоа е заедница што ги негува вредностите на тимска игра, дисциплина, фер-плеј и личен развој. Тренерскиот кадар, на чело со претседателот Ивица Аврамовиќ  се состои од лиценцирани и посветени професионалци кои работат по современи методи и програми за фудбалска едукација и индивидуален напредок.

Нашата мисија е да ги инспирираме децата да го сакаат спортот, да ја градат својата самодоверба преку играта и да го достигнат својот максимум, како на теренот, така и надвор од него. Со модерни тренинг-услови, организирани турнири и редовни натпревари, ФК Аеродром 2018 претставува вистинска платформа за развој на идните македонски фудбалски таленти.

Добредојдовте во ФК Аеродром – каде секој играч има своја приказна, а секој тренинг гради иднина.