Супер искуство за децата на Златибор Куп 2026
Од 2 до 4 мај 2026 година, нашите млади фудбалери учествуваа на „Златибор Куп 2026“ во Србија, каде што имаа одлично спортско и другарско искуство. На турнирот настапија генерациите 2017, 2016, 2013 и 2012, кои со голема желба и борбеност го претставија нашиот клуб.
Особено се истакна генерацијата 2017, која забележа одлична победа против екипата на Бешикташ со резултат 3:2.
Покрај натпреварите, децата уживаа во дружењето, новите пријателства и незаборавните моменти поминати на турнирот. Горди сме на сите наши фудбалери и нивното однесување и посветеност!



